Работилница „Дигитално зајакнување преку споделување знаење“ во Europe House во Битола


За прв пат ги спојуваме во една нашите најпосетени работилници „Дигитална самоодбрана“ и „Сликаме иднина ослободена од дигитално родово базирано насилство“, овој пат во Битола.

Придружете ни се на работилницата „Дигитално зајакнување преку споделување знаење“ на 12 февруари во Europe House во Битола од 12 до 16 часот.


Заедно со проф. д-р. Ангелина Станојоска и со графичките дизајнери М-р Теано Кардула и М-р Иван Дургутовски ќе се фокусираме на препознавање и одговарање за сајбер заканите и основните стратегии за безбедност во интернет просторот, но и на креативниот начин на користење на уметноста против дигиталното родово базирано насилство.

Оваа работилница е во склоп на иницијативата „Кога дигиталното родово базирано насилство излегува од екранот“. Проектот е финансиран од страна на швајцарската амбасада во Скопје, а целта е подигнување на свеста за дигиталното родово базирано насилство.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Елеганција во црно: Кејт Мидлтон од глава до пети во една боја со посебен детаљ на реверот

Принцезата од Велс Кејт Мидлтон за прв пат присуствувала на одбележувањето на Денот на примирјето, …