Првоаприлски натпревар со коњи под маски

Денес со почеток во 12:00 часот во Коњичкиот Клуб Анималс во Скопје, традиционално по осми пат ќе се одржи првоаприлски натпревар со коњи под маски.

Организаторите најавуваат дека оваа година ќе биде посебна како никогаш до сега, а посетителите ги очекува ден исполнет со волшебство и веселба.


Срдечно ги покануваме сите, и тие кои што веќе уживале на нашите настани, и оние што сè уште ја немале таа прилика, за да создадеме уште еден незаборавен спомен за сите нас. Приклучете се и вие на оваа прекрасна традиција, каде што натпреварот е посветен на забавата и пријателството, се вели во објавата од организаторот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Влатко Стефановски ја одбележува 50-годишнината од својата кариера во Филхармонијата во Скопје.

После распродадени концертни сали во Лондон, Виена, Осијек, Загреб и Белград, Влатко Стефановски, познатиот виртуоз …