Првиот светски секси крузер на 26. септември тргнал на крстарење по Јадран, а моментално се наоѓал усидрен во Дубровник.
„Убаво ни е и многу возбудливо. Луѓето се пријателски расположении многу се попристапни на бродот. Плус е што нема деца па можеме и тоа како да се одмориме и опуштиме. Често патуваме со крузери и кога некому ќе му се обратиме во лифт луѓето обично се плашат. Тука тоа не е случај. Тука луѓето сакаат да те запознаат“ рекол еден од 700. гости за „Dubrovački dnevnik“.
Ова е првпат да станува збор за брод кој се нарекува „секси крузер“, но и порано слични бродови впловувале во Дубровник. Во 2015. година го посетил брод кој довел свингери, а една од патничките во таа пригода раскажала дека гостите, меѓу другото, и групно се молат.
Организаторите на крстарењето на гостите им гарантираат заштита на идентитетот и потполна приватност, но некои детали сепак и се познати на јавноста.
За паровите на крузерот се организирани разни еротски перформанси, работилници за парови и тематски вечери. Сите наведени активности се провокативни и „набиени“ со секс. Исто така имало и соби за парови кои сакаат да се одвојат и сами да уживаат.
https://www.instagram.com/p/ojhqgLuaHJ/
Првиот ден од крстарењето била организирана секси вечер во морнарски костуми, за другата вечер бил предвиден „sexy scrabble”,потоа вечер во кој мораат да дојдат обелечени во својот омилен суперхерој, а следела вечер во која гостите имаат задача да импресионираат со само три парчиња облека.
За жените било одредено прикривање на брадавиците, танги и високи штикли, а мажите ќе носат трегери, боксерки и кравата.
https://www.instagram.com/p/pVfZZAOaGi/?taken-by=danbelzirian
Во план биле уште три тематски вечери од кои една ќе била посветена на тенисот, друга на светлосни ефекти, а третата ќе била забава под маски.
Во своето осумдневно патување крузерот освен Дубровник ќе ги посетел и Равена, Сплит, Задар, Копар а потоа се враќал во Венеција.
Организаторот на ова патување е мексиканската компанија Original Group, а цената на патувањето е од 2.883 до 10.996. долари, по лице.
https://www.instagram.com/p/ox5LK5OaEB/?taken-by=danbelzirian
Foto: Instagram
ekran платформа за слободоумни