Првата фотографија од Боки 13 по излегувањето од затвор: „Слободен по четири години, Боже, помогни ни“

Македонскиот шоумен Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, излезе од затворот „Идризово“ каде ја служеше казна на која беше осуден во случајот „Рекет“.

По четири години Боки е на слобода, а сега следуваше и првата фотографија.


– Прво селфи во слобода по четири години! Боже, помогни ни пред се да имаме здравје, па потоа останатото ќе си се погрижи! Благодарност до сите добронамерни луѓе за поддршката во текот на целиот пеколен период зад мене.

Инаку, по ослободувањето на Боки се огласи и неговиот адвокат.


– Во однос на прашањето за кое пројавувате интерес, како бранител, ја потврдувам информацијата дека Основниот кривичен суд Скопје донел одлука за прекинување на издржувањето на затворската казна на осудениот Бојан Јовановски. Оваа одлука иако доцни, треба да се поздрави како законска, правична и пред се хумана, донесена врз основа на две последователни позитивни мислења на надлежниот јавен обвинител во иста постапка и врз основа на комплетна медицинска документација за здравствената состојба. состојба на осудениот – посочува Туфегџиќ, јавува Скопје 1.

Бојан имаше многу тешка операција, имаше само 15% шанси за опстанок.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Костадиновска-Стојчевска: Го враќаме симболот на Скопје – Универзалната сала

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска ги најави градежните активности за реконструкција и адаптација на …