Промоцијата на книгата „Кобајаши Мару“ од Анде Јанков во Струмица

Во Europe house во Струмица, денес со почеток во 19:00 часот ќе биде промовирано најновото продолжение на сагата за инспекторот Виктор Николов, „Кобајаши Мару“ од Анде Јанков.

При крајот на зимата 2024 година, Скопскиот оддел за крвни и сексуални деликти од гостиварската полиција презема случај на убиство на познат сексуален престапник и повремен уживател на наркотични средства. Наркоманот е пронајден застрелан во неговата соба во хотел на Мавровско Езеро. Единствената трага за полицијата е пронајдената чаура на местото на убиството…


Иако романот во својата жанровска класификација претставува крими-роман, оваа книга разработува широк дијапазон на идеи кои се проткаени низ целата нејзина должина. Приказната е втемелена во времето во коешто живееме, но си игра со безвременски концепти кои претставуваат зрела критика на бројни општествени норми и модалитети, како и доза филозофски дискурс кој би ги задоволил и најсериозните уживатели на квалитетна фикција.

Промотор: Ѓургица Костадиновска.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Работилница за експериментални видео форми инспирирана од Меријам Тафакори

Во четврток на 27 март 2025 година, во 14:30 часот во КСП Центар-Јадро, ќе се …