Промоција на збирката есеи и трудови од областа на Гешталт Терапијата “Создавање на еден гешталт” од Данче Велов

Денес, во Лабораториум, со почеток во 17:00 часот, ќе биде промовирана збирката есеи и трудови од областа на Гешталт Терапијата “Создавање на еден гешталт” која е автентично разбрана и напишана од Данче Велов.

“Кога клиентот успева да го изрази она што до тогаш не било изразено, тој не само што се открива на другиот, туку се открива и на себеси, исто како што и вистинскиот уметник уште подобро се запознава себеси преку сопственото дело. Самоизразувањето не е исклучиво облик на самосвесност, туку е и цел сама за себе способноста за изразување, како и самата свесност, е неминовен, составен дел од една целосно развиена личност, а со самото ова и цел на психотерапијата. Да се изразиш, значи да ги пренесеш сопствените чувства и разбирања во своите постапки, зборови и дела – кое значи, да се реализираш сeбеси во потполна смисла на зборот – да постанеш реален сам за себе.” -К.Наранхо (1989)


Презентери на промоцијата:
Данче Велов – автор, гешталт терапевт во едукација
д-р Розета Паскали – гешталт терапевт и тренер

Поканети се сите љубители на психотерапијата, Гешталт Терапијата и сите оние кои работат на сопствениот личен раст и развој и исцеление.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

За нив започнува фаза на среќа и благосостојба: Декември ќе им донесе среќа на ОВИЕ знаци од Зодијакот

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …