Модерните времиња носат модерни измами: од најнаивни до најсофистицирани – наградни игри, онлајн нарачки, давање лични податоци и пари на рака без договор, до хакирање и „купување“ криптовалути…
На 13.11. (среда), со почеток од 18:00 часот, во Рагуза 360 ROOFTOP, ќе се одржи промоција на второто издание на Прирачникот за заштита од измами и интернет-криминал „Модерни измами“ од Роберт Атанасов.
Како инспектор во областа корупција и фалсификати, финансиски криминал и измами, авторот Атанасов посведочил најразновидни измами на кои наседнуваат голем број луѓе, кои понекогаш остануваат и без своите животни заштеди. Затоа ни нуди драгоцени совети како да ги препознаеме овие измами, преку внимателно анализирање на случаи и со акцент на дигиталните измами кои, како понова форма на криминал, сè уште не се доволно познати за повеќето од нас.
Научете како да се заштитите од (дигитални) злоупотреби и кражби, кои се знаците дека вашиот телефон можеби е хакиран и уште многу други корисни совети што нема да ве направат плен на киберкриминалците.
Со „Модерни измами“, заштитете ги своите финансии, а со тоа и својата благосостојба – https://shorturl.at/Ykta2