Промоција на универзитетскиот учебник „Граѓанска и политичка партиципација“


Фондацијата Фридрих Еберт – Скопје информира дека во четврток, 27.02.2025 година, со почеток во 17.00 часот во Културниот центар „Јадро“ ќе се одржи промоција на универзитетскиот учебник „Граѓанска и политичка партиципација“. Автори на овој учебник се проф. д-р Јасмина Трајкоска Наумоска, д-р Јосипа Ризанкоска и д-р Гордан Георгиев.

Станува збор за универзитетски учебник во издание на Фондацијата Фридрих Еберт, наменет, пред сè, за студентите на правните и политичките науки. Но, со темите кои ги обработува, може да послужи и на пошироката читателска публика – особено за невладините организации, политичките партии, но и сите граѓани кои сакаат да бидат вклучени во политичкиот живот и да се информираат за својата улога во него.


Овој универзитетски учебник е дел од програмата на издавачката дејност на ФЕС наменета за учебници по општествени науки. Програмата ја започнавме пред неколку години со цел да овозможиме учебници кои се бесплатно достапни за сите студенти и на тој начин да придонесеме кон квалитетот на високото образование во земјата.

Издавачката дејност на ФЕС долги години наназад своите изданија ги објавува во печатена и дигитална или електронска форма и гарантира слободен и неограничен пристап до нив. Студентите од сите факултетети и универзитети можат бесплатно да го преземат учебникот на следниот линк: https://library.fes.de/pdf-files/bueros/skopje/21883.pdf


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Проекција на играниот филм „Арманд“ утревечер во Кинотека

Во Кинотека на Македонија, на 19 мај, со почеток во 20:00 часот, ќе биде прикажан …