Промоција на стихозбирката „Сега ти стануваш јас“ од Долорес Атанасова-Лори

На 25 ноември 2023 година, во 19:00 часот, во Младинскиот културен центар (фоаје на кино „Фросина“), ќе се одржи промоцијата на стихозбирката „Сега ти стануваш јас“ од Д.А.Лори.

Промоторки: Снежана Стојчевска и Ана Голејшка – Џикова
Издавач: Чудна шума


Најновиот поетски ракопис „Сега ти стануваш јас“ на поетесата Д. А. Лори, кој доаѓа по успешните поетски книги „Будење во трето лице еднина“, „Со ветрот под рака“, „Небо во кафез“ и „Ќе фатит бран“, ги интригираше читателите кои имаа можност да го посведочат создавањето на книгата преку песните кои авторката ги објавуваше на инстаграм сториња. Песните се создадени за кус временски период, под голем креативен набој. Стерната беше отворена и песните надоаѓаа како што надоаѓа вода и допираат длабоко до свеста на читателот кој гледа како песната се создава и исчезнува пред неговите очи, поради краткотрајноста на објавата, како што минува и животот; денес си, утре не си. При тоа читање, привлечена како од магнетска сила влегов во тој вртлог, чувствувајќи ги песните како свои или како свое огледало, што потоа со насловот на книгата се потврди, како поетско-филозофското гледиште дека „Секој секому огледало“, дека секој се гледа себеси во другиот или пак дека сите потекнуваме од ист извор и сите во тој извор ќе се вратиме.
– Снежана Стојчевска, рецензент на книгата.

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Лажеш Мелита“ – Театарска претстава за деца

Денес, во Театарот за деца и младинци во Скопје, со почеток во 19:00 часот, ќе …