На 15 август 2024годин, со почеток во 20:00 часот, во Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ во Кавадарци, ќе биде промовиран романот на годината за 2023 г., „Единствен матичен број“ од Лидија Димковска.
Романот ќе го промовира Виолета Танчева-Златева, а ќе присуствуваат и претставници на Фондацијата „Славко Јаневски“ како организатор на доделувањето на една од најпрестижните награди за проза кај нас, наградата Роман на годината.
Традиционално, по петти пат на Кавадарци му се случува значаен културен настан со претставување на актуелниот роман на годината. Ве покануваме на несекојдневна промоција на романот што сосем заслужено ги доби сите пофалби во изминатиот период.
Ако нашето постоење во светот сè повеќе зависи од нашиот единствен матичен број, во нашиот свет на квалитетната книжевност, постоиш ако читаш. Како што вели еден од ликовите во овој роман: „Постоиш ако имаш ЕМБГ“.