Промоција на романот „Ѓаволот има убаво лице“

Во четврток, 23 ноември 2023 година во „Концепт 37“, со почеток од 19:00 часот, ќе се одржи промоцијата на романот „Ѓаволот има убаво лице“ од Дора Попова.

Бјанка е лекарка која работи на интензивна нега за време на пандемијата со респираторен вирус. Нејзиниот сопруг Давид, кој има нарушено здравје, е сопственик на синџир маркети низ градот. Хронично уморна, под стрес од секојдневните одлуки што ги носи политиката во здравството, Бјанка развива силна анксиозност со панични напади. Тоа ќе ја поттикне да почне да посетува психотерапија. Од друга страна, под влијание на социјалната, економската и здравствената криза предизвикана од пандемијата, бракот со Давид, почнува да се рони. Давид се вљубува во неговата помлада секретарка Моника, поради која е подготвен да ја напушти Бјанка. Од друга страна, Бјанка минува низ ролеркостер од чувства и искушенија со директорот на најголемата фармацевтска компанија во државата, кои ги споделува со својата психотерапевтка. Тоа ја зголемува кризата во бракот со Давид. Сето тоа го набљудува и тајно го поттикнува еден чуден господин. Господинот Л, кој сите го знаат, но никој не го познава….


Доминантно тешка и тегобна, атмосферата го вшмукува читателот во диегезисот, беспоштедно поставувајќи прашања и одговарајќи ги, создавајќи богати значенски слоеви, од кои извираат нови прашања и се отвараат отвораат нови перспективи. Ретко дело на противречности кое повремено „почестува“ со шармантна фарсична нотка или со амалгамски религиозно-филозофски поенти – Билјана Велковска, дипломиран филолог по компаративна книжевност.

Промотори:
Анде Јанков, писател
Илина Ведран, инспирациски говорник, автор и лиценциран тренер по методата на Лујза Хеј
Билјана Велковска, дипломиран филолог по компаративна книжевност, м-р на психолошки науки


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Лана Радељак – Ќерката на Ена Беговиќ првпат проговорила за починатата мајка: „Го чувствувам нејзиното присуство“

Лана Радељак, ќерката на актерката Ена Беговиќ и претприемачот Јосип Радељак, досега деталите за својот …