Промоција на публикацијата „Циклус цртежи Мариово 1936 од Борко Лазески“


Публикацијата „Циклус цртежи Мариово 1936 од Борко Лазески“ ќе биде промовирана во НУ Музеј на македонската борба за самостојност денес, 24 декември, со почеток во 12:00 часот.

Изданието содржи цртежи кои Лазески ги создава во 1936 година, инспириран од неповторливиот пејзаж, традиција и култура на Мариово. Публикацијата вклучува репродукции на цртежите, критички текстови и историски осврти коишто ја доловуваат вредноста на овие дела како и културно-историскиот контекст во кој се создадени. На промоцијата ќе бидат изложени дел од оригиналните записи на Лазески, што ќе ѝ овозможи на публиката автентично доживување на неговото уметничко наследство.


Промоцијата се организира во соработка со Здружението ИКОН, а на присутните ќе им се обратат Росица Лазеска и в.д. директорката на Музејот на македонската борба за самостојност, Анче Илиевска.

Изданието е поддржано од Годишната програма за национален интерес на Министерството за култура и туризам.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Врачени наградите на 59. МТФ Војдан Чернодрински

Примајќи ја наградата за најдобра режија, Ќендрим Ријани истакна дека фестивалот во секоја наредна година …