Промоција на поетската збирка „Мед и младост“ на Гордана Михаилова Бошнакоска

Утре, 4 октомври 2023 година, од 19 часот, во Културно Информативниот Центар – Скопје во Салонот Империјал 1, ќе биде промовирана збирка „Мед и младост“ на Гордана Михаилова Бошнакоска. Промотор е писателот Гоце Смилевски, стиховите ги кажуваат артистите Софиа Насевска Трифуновска и Мартин Манев.

Најновата поетска збирка Мед и Младост на Гордана Михаилова Бошнакоска, која е самиздат во соработка со издавачот Макавеј, објавена е во 2023 год. и беше влезена во најтесниот избор за наградата Браќа Миладиновци на СВП за оваа година. Триесет и осумтте песни поделена во три циклуси- Поезија, поетеси, артисти / Сцена/ и Можности и неможности, во неа се збрани настани во траење од пет денови, кои се случуваат во време на СВП. Внесувајќи новини во долгогодишното поетско творештво (запишува во поговорот писателот, литературен критичар, преведувач, антологичар, Бранко Цветковски) од над шест десетлетија, авторката заклучува дека ,,се е кажано,, на еден востановен поетски систем и дека е ,,дојдено време,, барем во нејзиното творештво, поезијата/песната да стане толкувач на некоја идна песна, која може и воопшто да не биде напишана. Сакам, вели авторката, СВП и самите тие да ги внесам во поезијата, покрај она што тие ја промовираат поезијата, како феномен кој со децениското нивно постоење се навлезени особено во творештвото на македонските писатали, така и во моето уште од самиот почеток, како најмлада учесничка.


Гордана Михаилова Бошнакоска е родена на 1 септември 1940 година во Битола. Студирала на Филолошкиот факултет Св. Кирил и Методиј во Скопје. Пишува поезија, проза , есеи за литература и уметност (сликарство и скулптура). Има објавено петнаесет збирки поезија првата ВРЕМЕТО ГО НЕМА 1965, а најновата МЕД И МЛАДОСТ 2023. Наградата Браќа Миладиновци ја доби за збирката ПЛАНИНИ ОД КАРТОНСКИ КУТИИ, наградата ,,Ацо Шопов,, што ја доделува Друштвото на писателите на Македонија, ја доби за збирката ПЕСНА НА РИДОТ, како и наградата ,,Празник на липите“. Застапена е во сите поетски антологии во Македонија и странство, како и во панорамски прикази. Преведени се нејзините песни на сите светски јазици. Поединечни преводи се објавени на нејзини поетски избори како и збирката ТОЛКУВАЊЕ НА МОРЕТО. Од Македонија застапена е во антологијата ,,13 Ѕвезди на словенското небо,, што ја издаде Словенската акдемија за литература и уметност од Варна ( Бугарија), каде е и нејзин член и носител на највисокото признание ,,Големо летечко перо,, за целокупно творештво. Македонската ТВ има снимено две емисии за нејзината поезија и проза, како и Македонското радио ја застапи во звучната антологија на македонската поезија. Носителка е на признанието Витез на пишаниот збор како и на највисокото признание на ДПМ ,,Книжевен жезол,, за целокупно творештво. Ги има објавено збирката раскази БОСФОРСКО ЛЕТО и романот ПОТРАГА ПО ПРИКАЗНА. Настапувала на бројни литературни манифестации во Македонија и во странсто. Добитничка е на стипендијата Фулбрајт со престој во САД. Застапена е во изданијата за литература од Министерството за култура на Македонија (р. бр. 50) , како и во македонската енциклопедија. За нејзиното творештво пишувале многу македонски автори од сите генерации, како и автори од други земји.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „КАДУЦЕЈ И ЛИРА” ОД СУЗАНА В. СПАСОВСКА

5 декември 2023година, 19 часот Салон – Империјал 2 Културно информативниот центар – Скопје, има …