Промоција на новата книга од Ферид Мухиќ – „Бигор шарпланинецот“ во КИЦ

На 15 ноември 2023 година, (среда), во Културно-информативниот центар, со почеток од 19:19 часот ќе се одржи промоција на новата книга од Ферид Мухиќ, „Бигор шарпланинецот“.

Овој роман во раскази, во издание на Издавачки центар ТРИ, е извонредна ода за пријателството, за нераскинливата поврзаност меѓу човекот и песот преку која се срочува филозофијата за меѓучовечките односи, за пријателството и воопшто за сеопштата поврзаност во природата.


Ве покануваме сите да бидете дел од дискусијата на Ферид Мухиќ и неговата промоторка Виолета Танчева-Златева, кои ќе ги воведат идните читатели во содржината на овие страници посветени на луѓето и животот. А за оние кои веќе успеаја да ја прочитаат книгата, разговорот со познатиот автор ќе биде одлично толкување и надополнување на пишаните зборови.

Според д-р Ана Димишковска, професорка на Филозофскиот факултет во Скопје, на кој проф. Мухиќ подготвуваше безброј студенти за влез во водите на филозофијата, оваа „трогателна сага“ е неверојатен прирачник за живеењето, навраќање кон вистинските вредности на животот. Мухиќ целосно маѓепсува со своите зборови, носејќи нè до едно друго ниво во нивната длабочина.


Филозоф и поет, научник и учител, Ферид Мухиќ има впечатлив опус со 52 објавени книги. „Бигор шарпланинецот – приказни за пријателството и храброста“ ја надополнува не само авторовата биобиблиографија туку и македонската книжевна ризница.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Најдете рамнотежа – Одредена храна може да предизвика забрзано стареење, намалете го внесот на овие намирници

Храната што ја консумираме секојдневно игра важна улога во нашето тело, а некои од нив …