Промоција на монографијата „Современа македонска фотографија 1945 – 2020“ и изложба на дела од архивата на Фотосојузот на Македонија вечерва во КИЦ

Промоција на монографијата „Современа македонска фотографија 1945 – 2020“ и изложба на дела од архивата на Фотосојузот на Македонија ќе се одржат вечерва, со почеток во 20:00 часот во Културно-информативниот центар (КИЦ) во Скопје.

Од Фотосојузот истакнуваат дека монографијата е капитално дело и е единствена од ваков вид со вовед во историскиот и креативен развој на фотографската уметност во Македонија. Претставува пресек на речиси 80-годишно творештво на автори членови на Фотосојузот на Македонија.


На изложбата премиерно ќе бидат претставени автентични дела од архивата на Фотосојузот на Македонија. Автори на делата се: Цветко Иванов, Благоја Дрнков, Кирил Билбиловски, Лазо Величковски, Ѓорѓи Гога Попов, Живко Јаневски, Благоја Бањански, Александар Цветиновски, Ацо Кондев, Владо и Лазо Плавевски, Билјана Јуруковска, Владимир Тодоров, Боро Рудиќ, Цветан Гавровски, Душан Доцевски, Валентин Малинов, Раде Луковиќ, Драги Неделчевски, како и автори од помладата генерација.

На промоцијата, монографијата ќе може да се купи на штандот на „Чудна шума арт“.


Монографијата е поддржана од Министерството за култура и туризам.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Принцот Вилијам на тенк во близина на руската граница – објавена фотографија

АКО ПОСЕТИТЕ на членовите на британското кралско семејство служат за испраќање политички пораки, тогаш фотографијата …