Вечерва, со почеток во 19:00 часот, во Музејот на македонската борба во Скопје, ќе биде промовирана книгата „Венера и Марс меѓу чаршафи“ од Виолета Спасеновска Марсол.
Во оваа астролошка студија за сексуалноста ќе ги разоткриете сите сочни тајни во сексот што Тој и Таа не сакаат да ги знаете за него или за неа, од кои ќе ви горат ушите додека ги читате, иако сте сами.
* Како тој/таа се однесува во сексот?
* Какво е неговото/нејзиното либидо?
* Какви се неговите/нејзините сексуални фантазии, перверзни мисли, ерогени зони?
* Каков е неговиот/нејзините став кон сексот на брзина и на необични места?
* Кој е негов/нејзин афродизијак и омилените позиции во сексот?
* Колку е зависен/на од сексот?
* Како да стане подобар/ра во сексот?
Специјални гости ќе бидат актерите Јана Стојановска и Антонио Ташковски.
Влезот е слободен.