Во фоајето на Младинскиот Културен Центар во Скопје, денес, со почеток во 20:00 часот ќе биде промовирана втората самостојна графичка новела на Антонио Аранѓеловиќ, исто така познат како Тонио Сан.
Стрипот, единствено на промоцијата ќе може да се набави по цена од 550 денари (9 Животи-9 евра, еден живот-едно евро, живо џабе).
Дојдете за стрипот, за по некој пијалак, музика од Тонио Сан, добро друштво и убава енергија, се вели во објавата на Тонио Сан.
Се гледаме!