Промоција на „Готвењето како наука и уметноста на убавото јадење“ од Пелегрино Артузи

На 15 ноември 2023 година, во „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“, со почеток во 19:00 часот, „Амбасада на Република Италија“ во соработка со издавачката куќа „Арс Ламина“, ќе го презентира македонското издание на првиот и најпознат италијански прирачник за готвење, „Готвењето како наука и уметноста на убавото јадење“, објавен за првпат во 1891 година од славниот гастроном и патописец Пелегрино Артузи.

„Готвењето како наука и уметноста на убавото јадење“ од Пелегрино Артузи е книга која се смета за нераскинлив дел од италијанската култура, а во која се содржани 790 различни рецепти, вклучително и десерти, џемови, ликери, сладоледи итн. Во книгата има и специјален додаток со избор на јадења за оние кои имаат послаб желудник, но и предлог-менија за секој месец во годината.


Освен заради изобилството рецепти, оваа книга е значајна бидејќи на еден оригинален начин го отсликува духот на едно изминато време.

Имено, Артузи на читателите им се обраќа на еден хумористичен и ноншалантен начин, во духот на пријателски советодавец, вметнувајќи духовити анегдоти кај повеќето рецепти и опишувајќи ги сопствените искуства, но и историската важност на одредени јадења.


„Готвењето како наука и уметноста на убавото јадење“ останува најчитаната книга за италијанската кујна во врска со која познатиот новинар и писател Џузепе Прецолини, по прогонството во Швајцарија, ќе каже дека за него, она што останува од Италија се: „Данте, Пинокио, шпагетите и книгата на Артузи“.

Иако е поминат повеќе од еден век од првото појавување на оваа книга, таа и денес се преобјавува и се преведува на повеќе светски јазици, а преводот од италијански на македонски јазик е прв во нашето соседство.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Обрнете внимание – Пет тивки знаци на проблеми со срцето кои не треба да ги игнорирате

Дали вашето срце е здраво? Во една студија од 2015 година објавена во JAMA, осум …