Пролетно издание на Ecoscop – заеднички проект на водечките филмски фестивали од регионот


На Денот на планетата Земја, „Браќа Манаки“ ве покануваат на посебно издание на ECOSCOPE:
• Проекција на документарниот филм TerraForma
• Отворена дискусија со Ханес Јекл експерт за екологија, и Ѓорѓи Митревски/Екосвест
Настанот ќе се одржи во Кинотека на Македонија, вечерва, со почеток во 20:00 часот, а влезот е слободен.

“TerraForma” е документарен филм за островот Вознесение: вулкан што природата го создаде со векови, а човекот го преработи за само неколку децении. Што значи кога рајот е вештачки конструиран? И колку долго може да опстане?


Режисерите Кевин Бренан и Лоренс Дуркин ни ја раскажуваат приказната за една скриена страна на историјата – за моментот кога човечката амбиција го надминува природниот ред.

По прикажувањето, филмот ќе биде достапен онлајн уште една недела на платформата:
https://ondemand.kinomeetingpoint.ba/


По филмот следува Панел-дискусија со експертот за екологија Ханес Јекл.

Пролетното издание на Мрежата на фестивали од јадранскиот регион ја слави моќта на филмот – да праша, да предизвика и да инспирира.


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Македонско – грчки поетски координати

Во рамките на манифестацијата „Денови на поезијата“, во Скопје Сити Мол, денес, со почеток во …