Пролетен концерт на Мандолинскиот орекестар „Скопје“ посветен на Кочани


Мандолинскиот орекестар “Скопје“ под диригентска палка на Рамадан и Ерхан Шукри ќе одржи Пролетен концерт, вечерва, во фоајето на Музејот на македонската борба со почеток во 20 часот.

На програмата ќе бидат застапувани композиции и оперски арии од В.А.Моцарт, Ж.Бизе, Ф.Тости, Љ.Бранѓолица, Ф.Лехар, Џ.Верди, Ф.Шуберт, Г.Коларовски, П.Маскањи.


Како солисти ќе настапат нашите познати оперски пејачи: Михајло Арсенски-тенор, Александра Коцевска-мецосопран и Горан Начевски-баритон.

Концертот го посветуваме за наше КОЧАНИ кое нѐ погоди сите со трагичниот настан.


На влезот на музејот ќе биде поставена кутија во која може минимум да донирате 200 денари. Сите средства од концертот ќе бидат исклучиво донирани за настраданите од трагедијата во Кочани.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Димиш одржа промоција на неговата нова песна и видео запис за „Срце и мозок“

Веќе одлично етаблираниот на македонската рок сцена Димиш одржа промоција во „Лабораториум“ за неговата најнова …