Втората година од пандемијата КОВИД-19 може да биде потешка од првата, со оглед на тоа како се шири новиот коронавирус, особено во северната хемисфера каде циркулираат заразни варијанти, објави во средата Светската здравствена организација (СЗО).
„Влегувањето во втората година од пандемијата може да биде уште потешко со оглед на некои динамики на пренесување на вирусот“, рекол Мајк Рајан, директор на програмата за итни случаи на СЗО.
View this post on Instagram
СЗО во својот последен извештај наведе дека по две недели кога биле пријавени помалку случаи, минатата недела се регистрирани околу пет милиони нови инфекции.
„По празниците, во некои земји ситуацијата значително ќе се влоши пред да се подобри“, рекла Марија Ван Керкоф, директор на техничкиот тим на СЗО за КОВИД-19.
Фото: Instagram