На пејачката Јелена Карлеуша и е деактивиран профилот на популарна социјална мрежа.
Инстаграм профилот на пејачката Јелена Карлеуша е деактивиран. Нејзиниот профил беше многу влијателен на таа социјална мрежа и нејзините објави имаа голем досег. Имаше повеќе од два милиони следбеници, но сега веќе не е достапна.
Се уште не се знае зошто профилот е згаснат и што се крие зад сето тоа.
Да потсетиме, неодамна беше покрената петиција за затворање на Инстаграм профилот на Јелена Карлеуша.
Пејачката реагираше на ова објавувајќи серија стории, а на една од нив има фотографија со круна на главата, заедно со натпис:
-Јас сум најубавата, најпопуларната, најправедната, најхрабрата и највлијателната, додека трпеливо чекам орда ботови да ми го затворат Инстаграм (а тие се неспособни и небитни).
Фото: Архива