Проекција на „Трчај Лола, Трчај“ во Кинотека на Македонија

Вечерва со почеток во 20:00 часот во Кинотека на Македонија, во рамките на Лауреатите на Манаки, ќе имате можност да го погледнете германскиот игран филм „Трчај Лола, Трчај“.

Филмот се здоби и со многу престижни награди и номинации на филмските фестивали од кои се издвојува наградата од публиката на фестивалот САНДЕНС и наградата за најдобар филм на фестивалот во Сиетл, САД. Во 2010, магазинот Empire го прогласи ова остварување за едно од стоте најдобри во светската кинематографија.


Повеќе од четврт век по неговата премиера, RUN LOLA RUN сè уште го привлекува вниманието на филмските фанови и кино-истражувачи, правејќи го токму овој наслов еден од одбележувачките за кино историјата во последниве неколку децении.

ТРЧАЈ ЛОЛА, ТРЧАЈ
(Lola Rennt)
Игран филм, Германија
1998, 80 мин
Режија: Том Тиквер (Tom Tykwer)


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Кинотека во рамки на проектот „Сезона на филмски класици“ ќе го реставира филмот „МИС СТОН“

Кинотека ова година ќе го реставира филмот МИС СТОН на Жика Митровиќ, во рамки на …