Проекција на португалскиот документарен филм „МАСКАРАС“ утревечер во Кинотека

Утревечер во Кинотека на Македонија, со почеток во 18 часот, како дел од неделата на португалскиот филм, ќе биде прикажан документарецот „Маскарас“.

Документарен филм, Португал
1976, 110 мин., колор, ДЦП
Режија: Ноемиа Делгадо (Noémia Delgado)
Сценарио: Бенјамин Переира, Ернесто Веига де Оливеира (Benjamim Pereira, Ernesto Veiga de Oliveira)


МАСКАРАС ги документира подготовките и самите ритуалите што се одржуваат во регионот Трас-ос-Монтес во северна Португалија како дел од прославата на „Зимскиот циклус“, серија празници што траат од Божиќ до Чиста Среда. Зимскиот циклус сè уште се слави во многу региони во Европа, посебно во алпските, словенските и балканските земји, во форма на ритуали кои ги изведуваат маскирани протагонисти. Во повеќето случаи, овие маскирани протагонисти ја играат улогата на ликови земени од традицијата и фолклорот. Многу такви ликови – демони и духови – имаат јасна поврзаност со мртвите. Разумно е да се претпостави дека во далечните времиња овие ликови биле дел од ритуалите што се одржувале во врска со култот на мртвите. Во Португалија, вакви ритуали на маски, може да се најдат во руралните и неразвиените делови на Трас-ос-Монтес, каде што се одржуваат за да одбележат различни празници од зимскиот циклус – Божиќ, Денот на Свети Стефан, Феста дос Рапазес или „Празник на Младинците“, Нова Година, Водици и Чиста Среда.

Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Копродукција помеѓу Србија, Хрватска и Македонија: Започна снимањето на филмот “Соучесници”

На локации во Ужице започна снимањето на филмот „Соучесници“ во режија на Марко Новаковиќ, според …