Вечерва во Кинотека на Македонија, со почеток во 20:00 часот, ќе имате извонредна можност да го погледнете најновото филмско остварување на нашиот режисер Гоце Цветановски, играниот филм „Бизнисот на задоволството“.
Опседната со исчезнувањето на нејзината најдобра пријателка, новинарка подготвува тајна операција со цел да разоткрие мрежа за шверц на секс. Но, како што нејзините соучесници се приближуваат до шефот, ситуацијата излегува од контрола.
Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари
БИЗНИЗОТ НА ЗАДОВОЛСТВОТО
(The business of pleasure)
Игран филм, Македонија
2023, 113 мин., колор, ДЦП
Режија: Гоце Цветановски (Goce Cvetanovski)
Сценарио: Гоце Цветановски (Goce Cvetanovski)
Улоги: Муса Јусуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми (Musa Isufi, Slagana Vujosevik, Ismail Kasumi)