Проекција на „Млад и здрав како ружа“ – култниот филм на југословенскиот црн бран утревечер во Кинотека


Во четврток, на 27 февруари 2025 година, во Кинотека на Македонија, со почеток во 20:00 часот, ќе биде прикажан југословенскиот класик од црниот бран на филмската школа, филмот „Млад и здрав како ружа“.

Младиот престапник Стеван – Стив се занимава со „позајмување“ (тогаш официјален термин за крадење ) автомобили и експлоатација на девојки. Наскоро тој почнува да убива луѓе. Парите постојано се зголемуваат, но потоа се среќава со полициски инспектор кој му нуди соработка… Наскоро, тој станува еден од газдите на белградското подземје и медиумска ѕвезда. Почнува да живее развратно со многу дрога, неконтролиран секс и насилство.


Филмот „Млад и здрав како роза“, е култен филм од југословенскиот црн бран кој после неговата премиера 1971 година, на фестивалот во Пула и во Студентскиот културен центар, е во бункер 35 години, се до 2006-та година.

Филмот смело го доловува необработениот пулс на Белград од 1970-тите, прикажувајќи го подемот на Стив не само како приказна за криминалните подвизи, туку како моќен општествено-политички коментар. Јовановиќ ја користи приказната на Стив за да размислува за пошироки теми за корупција, моќ и разочарување од статус-кво. Во времето на снимањето на филмот, во 1971 година, приказната изгледаше речиси шокантна. Денес, за жал, тоа е слика на нашата реалност.


Култен филм на југословенскиот црн бран, остар социјален коментар што ги отсликува борбите на младите во тогашното општество. Ова е уникатна можност за новите генерации да го доживеат овој филм на големото платно, еден од најрадикалните филмови од регионот.

Возрасна категорија: 16 години


Влезница: 150 денари

 

„МЛАД И ЗДРАВ КАКО РУЖА“

(„Mlad i zdrav kako ruža“)

Игран филм, Југославија

1971, 71 мин., колор, 35мм

Режисер: Јован Јовановиќ (Jovan Jovanović);

Сценарио: Јован Јовановиќ (Jovan Jovanović);

Улоги: Драган Николиќ, Мариа Бакса, Александар Гавриќ, Данило Стојковиќ (Dragan Nikolić, María Baxa, Aleksandar Gavrić, Danilo Stojković);

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Одбележале децении – Евровизискиот натпревар се ближи, а еуфоријата никогаш не е помала: Се сеќавате ли на најголемите хитови што ја освоија Европа?

Почнувајќи со хитот „My Number One“ преку изведувачи како Сакис Рувас или Руслана – Евровизискиот …