Вечерва во Кинотека, со почеток во 20:15 часот, ќе се одржи проекција на долгометражниот игран филм ЛЕНА И ВЛАДИМИР, по сценарио на Александар Русјаков, а во режија на Игор Алексов, со Сара Климоска во една од насловните ролји. По проекцијата ќе следи разговор со авторите на филмот.
ЛЕНА И ВЛАДИМИР
(Lena and Vladimir)
Игран филм, Македонија, Србија
2023, 95 мин., колор, ДЦП
Режија: Игор Алексов (Igor Aleksov)
Сценарио: Александар Русјаков (Aleksandar Rusjakov)
Улоги: Тони Наумовски, Сара Климоска, Дениз Абдула, Петар Мирчевски, Благоја Чоревски, Петре Арсовски (Toni Naumovski, Sara Klimovska, Deniz Abdula, Petar Mirchevski, Blagoja Corevski, Petre Arsovski)
Судбината спојува двајца бегалци, Владимир, 40-годишен маж кој ја изгубил сета своја љубов и Лена, 16-годишна девојка која никогаш немала љубов. Тие си помагаат еден на друг да ја откријат љубовта кон животот.
Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари