Вечерва во Кинотека на Македонија, во рамките на Фестивалот на нем и класичен филм, ќе биде прикажан литванскиот игран филм „Кога бев дете“. Проекцијата е закажана за 20:00 часот.
КОГА БЕВ ДЕТЕ
(Kai aš mažas buvau/When i was a child)
Игран филм, Литванија
1964, 59 мин., колор, ДЦП
Режисер: Алгирдас Араминас (Algirdas Araminas)
Сценарио: Алгирдас Араминас, Ичокас Мерас (Algirdas Araminas, Icchokas Meras)
Улоги: Јулија Кавалиаускаите, Линас Кришчиунас, Гедиминас Карка (Julija Kavaliauskaite, Linas Krisciunas, Gediminas Karka)
Дејствието на филмот се фокусира на приказната за првата љубов помеѓу матурантите Томас (Линас Крикшчиунас) и Егле (Јулија Кавалиаускаите), која започнува откако двајцата ќе прескокнат училишна екскурзија. Најважната карактеристика на филмот е тоа што е проникнат со духот на младоста. Неговата основна вредност лежи во прикажувањето на опојните чувства и искуства од првата љубов, дури и ако се нарушени со болка од љубомора и разочарување.
Кога филмот првпат се појави во кината, беше критикуван за пасивност на младите протагонисти и наводното оддалечување на социјалистичката реалност. И покрај тоа, од денешна дистанца, КОГА БЕВ ДЕТЕ останува еден од најистакнатите филмови на познатитиот литвански режисер Алгирдас Араминас кој прецизно го доловува тогашното време и универзалните проблеми кои ги носи созревањето на една млада личност.