Вечерва во рамките на четвртото издание на Фестивалот на нем и класичен филм, во Кинотека на Македонија со почеток во 20:00 часот ќе имате можност да присуствувате на проекцијата на два литвански филмови. Станува збор за документарниот филм „Времето проаѓа низ градот“ и играниот филм „Убавицата“.
ВРЕМЕТО ПРОАЃА НИЗ ГРАДОТ
(Laikas eina per miestą/ Time Walks Through the City)
Документарен филм, Литванија
1966, 18 мин., црно бел, ДЦП
Режисер: Алмантас Грикевичиус (Almantas Grikevičius)
Сценарио: Алмантас Грикевичиус (Almantas Grikevičius)
„Времето проаѓа низ градот“ е 17-минутна кинематографска турнеја низ Вилнус, прекината со премин каде времето се чини дека застанува. Овој филм е „градска симфонија“ за Вилнус, Градот е главниот херој на овој филм. Вилнус е и метафора за и на Литванија. Овој филм е единствен не само по неговите кинематографски историски рефлексии за државноста на Литванија; ја открива и историјата на кинематографијата, опфаќајќи ги и советските техники на монтажа и првите траги на синема-верите во литванската кинематографија.
УБАВИЦАТА
(Gražuolė/ The Beauty )
Игран филм, Литванија
1969, 71 мин., црно бел, ДЦП
Режисер: Aрунас Жебриунас (Arunas Žebriunas)
Сценарио: Јуриј Јаковлев (Yuriy Yakovlev)
Улоги: Инга Миките, Лилија Задеикуте, Арвидас Самукас (Inga Mickyte, Lilija Zadeikyte, Arvidas Samukas)
Малото девојче Инга, кое живее со својата самохрана мајка, е дружељубиво и искрено и обично собира многу комплименти, па затоа ја нарекуваат и убавица. Сè се менува кога ново момче ќе се пресели во соседството. Бидејќи е груб, тој не се вклопува. Не ги сака пегите на Инга и ја нарекува грда.
„Убавицата„ има посебно место во историјата на литванската кинематографија поради поетскиот стил, суспенсот и приказот на светот низ очите на децата. Слично како и во неговите претходни дела, во филмот Жебриунас го гледа светот низ очите на детето и се обидува да внесе духовна димензија. Тоа е филм за децата, нивните односи и односот помеѓу надворешната и внатрешната убавина. Со користење на навидум неважни детали, режисерот успева да открие поголеми и поважни вистини. „Убавицата“ често се споредува со филмовите на Алберт Ламорис.