Проекција на италијанскиот филм „ГОРИ! / КВЕИМАДА-ОСТРОВОТ ВО ПЛАМЕН“ вечерва во Кинотека на Македонија

Вечерва во Кинотека на Македонија, со почеток во 20:00 часот, ќе може д го погледнете италијанскиот филм “Гори! / Квеимада – островот во пламен“.

За време на златното доба на колонијализмот, британските власти испраќаат агент на еден тропски остров под португалска власт. Неговата задача е да ги поттикне робовите на бунт, за да може Британија да го преземе овој остров, познат по одгледувањето на шеќерна трска. Меѓутоа, кога Британците го заземаат островот и формално го укинуваат ропството, поранешните робови дознаваат дека наемната работа е исто така форма на ропство и одлучуваат повторно да се побунат.


ГОРИ! е измислена историска драма од 1969 година, во режија на познатиот италијански режисер Гило Понтекорво познат по неговиот антивоен филм во неореалистечн манир – БИТКАТА ЗА АЛЖИР – за кој ја има добиено главна награда на Канскиот фестивал во 1966 година.

Станува збор за голема продукција, снимен е на различни локации низ светот и содржи големи имиња, како Енио Мориконе, кој ја компонира музиката на филмот, и Марлон Брандо, кој ја игра главната улога. Не е случајно што овој амбициозниот еп на Понтекорво има потсетува на шпагети вестерните – каде главниот конфликт е изграден на цинични двојни измами и лични предавства. Продуцент на филмот е италијанскиот и американскиот продуцент Алберто Грималди, познат по како продуцент на вестерн класиците (ЗА НЕКОКУ ДОЛАРИ ПОВЕЌЕ, ДОБРИОТ ЛОШИОТ ГРДИОТ) како и филмовите ПОСЛЕДНОТО ТАНГО ВО ПАРИЗ и БАНДИТЕ НА ЊУЈОРК.


ГОРИ! на едноставен и разбирлив начин го отвора прашањето за слободата, борбата за слобода, различните толкувања и пристапи кон проблемите на угнетувањето и колонијализмот, како и антиколонијалната борба, конфликтот меѓу колонизаторите и колонизираните.

Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: На денешен ден во 2010 година почина истакнатиот македонски карикатурист Делчо Михајлов

Делчо Михајлов е роден на 27 ноември 1947 година во Скопје. Тој беше македонски карикатурист, …