Проекција на играниот филм „Здрави и Живи“ вечерва во Кинотека

Септемвриската програма во Кинотека на Македонија продолжува вечерва во 20:00 часот, со проекцијата на играниот филм „Здрави и Живи“.

ЗДРАВИ И ЖИВИ


(Forever hold your peace/Zdravi i živi)

Игран филм, Црна Гора, Србија, Македонија, Чешка, Хрватска, Словенија


2023, 100 мин., колор, ДЦП

Режија: Иван Мариновиќ (Ivan Marinović)


Сценарио: Иван Мариновиќ (Ivan Marinović)

Улоги: Тихана Лазовиќ, Горан Славиќ, Момо Пичуриќ, Горан Богдан, Снежана Синовчиќ, Мирјана Јоковиќ, Никола Ристановски, Драгана Дабовиќ, Дејан Џоновиќ.

Два дена пред свадбата, Драгана, невестата, изјавува дека нема да се мажи, и покрај тоа што сѐ е подготвено. Лесо, немилосрдниот патријарх на семејството на младоженецот, ѝ го нуди на бунтовната невеста следново: истерај ја проклетата свадба и потоа оди каде сакаш. Таа прифаќа. Момо, младоженецот, сѐ уште ја сака и се надева дека ќе остане. Традиционална црногорска свадба со цела низа откачени ликови кои следат серија од апсурдни чекори, во комбинација со алкохол, пукање и динамит. Оваа весела фарса ќе ги изнесе на површина и нивните најлоши лични дилеми.

Возрасна категорија: 16 години

Влезница: 150 денари.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„РОМСКА ДУША” – Меѓународна ромска поетска вечер

Здружението на љубители на ромска фолклорна уметност “Романо Ило” од Скопје, вечерва,  ја организира првата …