На меѓународниот ден на човековите права (10 Декември), со почеток од 18:30, Социјалниот центар Дуња организира проекција на играниот филм „Ф-тип“ и дискусија за политичките затвореници ширум светот.
Филмот го истражува животот на социјалистите и револуциoнерите затворени во овој вид турски затвори (изолирани самици) и нивната борба која ја водат против Ф-тип затворите, а кои имаат за цел нивно изолирање и раскинување на врските, истрајноста и единството меѓу затворениците. Се состои од 9 различни приказни на политички затвореници според вистински настани.
Филмот се проектира во рамки на интернационалната кампања на Академијата за демократска модерност под мотото „Слобода за Оџалан, политичко решение на курдското прашање“.