На 13-ти ноември 2024 година, со почеток во 19:30 часот, во НУЦК „Браќа Миладиновци“ – Струга (голема сала со вклучено греење), ќе биде прикажан филмот „На се доаѓа крај“ во режија на Рајко Грлиќ. Цената на билетот е 200 ден.
Во филмот „На се доаѓа крај“, се говори за Макс Пинтер, успешен адвокат од Загреб, кој успева да ги отфрли обвиненијата против неговиот клиент за двојно убиство, богатиот и моќен бизнисмен Динко Хорват. На прославата, Макс е пијан и му кажува на Динко дека ладнокрвно ги убил работниците, кои што дошле да прашаат за своите плати. Соочувањето со еден од столбовите на општеството го прави Макс непожелна личност, тој го губи својот партнер и клиенти, а неговата сопруга го напушта. Со својата девојка од универзитетските денови, Нина, започнува мисија за одмазда. Од друга страна, никој во оваа приказна не е целосно невин и сите се тесно поврзани.
Актери:
Jелена Ѓокиќ, Борис Исаковиќ, Емир Хаџихафисбеговиќ, Живко Аночиќ, Јанко Поповиќ Волариќ, Ксенија Маринковиќ, Марина Реџеповиќ, Петре Арсовски
Режисер:
Рајко Грлиќ
Жанр:
Драма, Криминал, Романтичен, Трилер
Јазик:
Хрватски
Технологија:
2D
Оригинален назив:
Svemu Dodje Kraj
Дистрибутер:
Konstantin Film MKD DOOEL Skopje