Проекција на филмот „Бегалец“ вечерва во Кинотека

Во рамките на неделата на португалски филм, вечерва во Кинотека на Маедонија, со почеток во 20:15 часот, ќе биде прикажан филмот „Бегалец“.

БЕГАЛЕЦ
(A Fuga)
Игран филм, Португалија
1978, 110 мин., колор, ДЦП
Режија: Луис Филипе Рока (Luís Filipe Rocha)
Сценарио: Луис Филипе Рока, Арналдо Абоим (Luís Filipe Rocha, Arnaldo Aboim)
Улоги: Луис Алберто, Мариа до Сеу Гуера, Жозе Виана (Luís Alberto, Maria do Céu Guerra, José Viana)


Филмот е базиран на познатото бегство на Диас Лоренсо, политички затвореник во Форт Пенише, озлогласен затвор на северниот брег на Португалија за политичките неистомисленици на тогашниот диктаторски режим. БЕГАЛЕЦ го прикажува патешествието на еден политички затвореник, од наместениот судски процес, тепањето од агентите на тајната служба и неговото затворање во затворот. Таму се прикажува секојдневниот живот на затворениците и се прикажуваат типични ситуации од нивниот живот. На крај главниот лик успева да побегне и да биде слободен.

Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Копродукција помеѓу Србија, Хрватска и Македонија: Започна снимањето на филмот “Соучесници”

На локации во Ужице започна снимањето на филмот „Соучесници“ во режија на Марко Новаковиќ, според …