Проекција на американската романтична комедија „Апартман“ вечерва во Кинотека

Вечерва во Кинотека на Македонија, со почеток во 20:00 часот, ќе имате можност да го погледнете американскиот игран филм „Апартман“.

Приказната го следи „Бад“ (игран од Џек Лемон), службеник за осигурување кој, надевајќи се дека ќе му помогне во кариерата, им дозволува на постарите колеги да го користат неговиот стан за нивните вонбрачни афери. Бад развива симпатии кон операторка на лифт, Фран Кубелик (играна од Ширли Меклејн), која, пак, има афера со шефот на Бад.


„Апартман“ е американска романтична комедија од 1960-та година, режирана и продуцирана од великаниот на холивудскиот и светски филм, Били Вајлдер. Во него играат големите холивудски ѕвезди од минатото – Џек Лемон, Ширли Меклејн, Фред МекМареј.

Овој филм на Валјдер се смета за еднo од неговите најдобри остварувања и за еден од најголемите американски филмови некогаш снимени. Има освоено пет награди за оскар меѓу кои за најдобар филм, најдобра режија и најдобро сценарио и редовно се појавува на листите на најдобри филмови и e избран од Конгресната библиотека на Соединетите Американски Држави за зачувување во Националниот филмски регистар.


Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 150 денари


„АПАРТМАН“

(„The Apartment“)

Игран филм, САД,

1960, 125 мин., црно бел, 35мм

Режисер: Били Вајдлер (Billy Wilder);

Сценарио: Били Вајдлер, И.А.Л. Дајмонд (Billy Wilder, I. A. L. Diamond);

Улоги: Џек Лемон, Ширли Меклејн, Фред МекМареј, Реј Валтсон, Еди Адамс, (Jack Lemmon, Shirley MacLaine, Fred MacMurray, Ray Walston, Edie Adams);

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Никола Џими Петровски: За фушерајот и кратењето ќошеви, вниманието насочете го на друго место, пошто верувајте музичарите не си идат дома со тие екстра пари

Љубовта кон музиката и нејзиното споделување со публиката пред се е тоа што не води …