ПРОБНО ВОЗЕЊЕ НА НОВИТЕ ЕКО АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ

Новите еко автобуси на ЈСП „Скопје“ почнаа со пробно возење низ улиците на Скопје и наскоро ќе станат дел од јавниот транспорт.

Во тек е обуката на возачите, која ќе трае и за време на карантинскиот викенд, односно по пет возачи дневно ќе ги возат автобусите низ градот. До недела ќе бидат обучени 25 возачи, а обуките ќе продолжат и во наредниот период.


Досега во Скопје се стигнати 13 нови еко автобуси, десет единечни и три зглобни, а во текот на наредната недела ќе пристигнат уште 3 нови автобуси, два зглобни и еден единечен. Единечните автобуси се со капацитет за 81 патник, а зглобните за 149 патници.


Набавката на новите еко автобуси чини 10 милиони евра, а парите се обезбедени преку кредит од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„ZIVE” – Прва самостојна изложба на Живка Величковска

Во среда, на 12 февруари 2025 година, во изложбениот салон Галерија 22 при Центарот за …