Холестеролот е една од состојбите познати како „тивок убиец“ бидејќи предизвикува очигледни симптоми, а високото ниво на холестерол може сериозно да го наруши здравјето.
Решението за намалување на холестеролот се наоѓа во многу намирници кои се богати со витамин Б3, односно ниацин. Холестеролот е маснотија што телото ја произведува по природен пат, а неопходна е за градење клетки и производство на хормони.
Меѓутоа, кога нивото на „лошиот“ холестерол станува превисоко, тоа може да доведе до таложење на наслаги во артериите, што го зголемува ризикот од срцев и мозочен удар.
Ниацинот го подига нивото на „добриот“ холестерол и го намалува нивото на триглицериди во крвта. Попознат како витамин Б3, тој игра клучна улога во намалувањето на „лошиот“ холестерол, а истовремено го зголемува „добриот“ холестерол и ги намалува триглицеридите.
Како додаток во исхраната, ниацинот често се наоѓа во мултивитамините, а исто така природно е присутен во многу намирници како што се житарици, зеленчук и овошје, говедско месо, пилешко, мисирка, риба, јајца, млеко, сирење, јаткасти плодови и кафе.
Покрај горенаведеното, ниацинот е присутен и во лукот, овесот, лененото семе, зелениот чај и сојата.
Фото: Архива