Пријавете се на работилницата за дизајнери

Skopje Design Week во соработка со фабриката Окитекс организира креативна дводневна работилница со дополнителни часови практична програма (период 3 недели) за усвојување на методологија на циркуларен дизајн низ конкретно и практично образование.

Кој може да учествува?
Продукт и модни дизајнери, графички дизајанер и дизајнери на ентериер, архитекти и други кои сакаат да во еден краток временски интервал го искусат процесот на реупотреба на материјали од тексилна индустрија и процесот на циркуларен дизајн.


Ментор
Никола Булески – БУЛЕ, е дизајнер и моделар за сопствена марка, консултант за развој на производ и производство во Бела, Скопје, предавач по Моделирање и Техники на шиење во Скала и ментор на RMIT, Melbourne, Australia.

Се очекува учесниците на оваа работилница да дизајнираат и изработат индивидуално или во група:
• Мебел,
• Ентериерни елементи,
• Звучни панели,
• Декоративни панели,
• Модни додатоци (паричници, ташни, ранци и сл.),
• Облека,
• Друго.


Сите дизајн решенија кои ќе бидат изработени ќе бидат и изложени на фестивалот Skopje Design Week во период 6. – 10.ноември 2024 во Мала Станица.

Пријавување
Секој кандидат потребно е да испрати на info@publicroom.org,
• Име и презиме
• Кратка биографија или CV
• Ваша е-маил адреса
• Телефон за контакт


КРАЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 23 септември 2024 година.

Доколку имате било какви прашања поврзани со овој повик можете слободно да се обратите на info@publicroom.org

 

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Корисни препораки – Овие додатоци во исхраната и витамини придонесуваат за процесот на слабеење: Вклучете ги во вашата дневна рутина

Во процесот на слабеење, клучно е да ја прилагодите вашата исхрана за да се обезбеди …