Презентација на Балканскиот анархистички саем на книгата во СЦ Дуња

Денес од 19:30 часот, во СЦ Дуња ќе биде презентиран Балканскиот анархистички саем на книгата (Balkan Anarchist Bookfair – BAB) кој ќе се одржува во Приштина од 5 до 7 јули.

Двајца претставници на собранието на BAB2024 ќе ја презентираат кратката историја на саемот, како е организиран, неговата важност за балканските општества и анархистичкото движење воопшто, како и техничките аспекти за тоа како може да се учествува на саемот.


Над 20 години BAB постои како сведок на анархистичката и колективната посветеност кон солидарноста, отпорот и соработката вон вештачките граници на Балканот. Како таков, саемот не е само платформа за промовирање книги, туку и место за размена на информации и идеи, создавање нови иницијативи и зајакнување на организациите низ Балканот. Оваа година, саемот се одржува во клучно време кога капиталот повторно ја доживува редовната криза, ги интензивира војните, но и милитаризацијата секаде низ светот. Ова ги вклучува и земјите на Балканот, кои континуирано трупаат сѐ поголеми залихи на оружје и технологии, имаат во план да воведат задолжителни воени рокови, а националистичката реторика станува сѐ поизразита.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Доделување на наградите „Гласник на невидливите“ за 2024

Денес во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје, со почеток во 19:30 часот, во организација на Македонска …