Претставата “Нема струја за електричниот стол”, од Александар Секулов, а во режија на Дејан Пројковски, беше изведена на сцената “Пера Добринивиќ” во Српско Народно Позориште во Нови Сад, вчера на 30 ноември 2024 година.
Ова е четврта меѓународна изведба на претставата, по премиерата на матичната сцена на велешкиот театар на 8.4.2023. До сега претставата беше изедена на сцените на:
- Драмски театар Пловдив, Р. Бугарија, во рамки на Меѓународниот фестивал “Сцена на Крстопат”МТФ Војдан Чернодрински, Прилеп
- Интернационален фестивал на монодрамата Битола, во чест на лауреатите
- Драмски театар Скопје
- Београдско драмско позориште, Белград, Р. Србија
- ФИАТ Подгорица, Р. Црна Гора
Редакцијата на Екран им посакува уште многу успешни меѓународни изведби.