Претставата „Диши“ во вторник во Драмскиот Театар во Скопје

Во вторник, 31 октомври 2023 година, со почеток од 20:00 часот во Драмскиот тетар ќе може да ја погледнете претставата „Диши“

„Диши“ е прекрасен предизвик кој не дозволува да му се доближиш без сериозно истражување на повеќе области при сценската реализација. Секое истражување мора во себе да содржи и преиспитување. Диши како да живее низ преиспитување.
Прекрасен процес, супер соработници, едноставно уживање. Се надевам дека и публиката ќе почувствува барем еден дел од тоа наше уживање, се вели во објавата на режисерот на оваа претстава Димче Николовски – Димсата.


Автор:Данкан Мекмилан
Драматург: Александра Бошковска
Режија: Димче Николовски – Димсата
Превод: Благоја Бошковски
Сценографија: Илија Николовски
Костимографија: Раде Василев
Улоги:
Јасмина Василева
Димитрија Доксевски
Инспициент: Жарко Намичев
Суфлер: Жаклина Цветковска
Тон – мајстор: Диме Илиоски
Светло – мајстор: Дејан Блажевски
Премиера: 29.12.2020 година

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

НАЈИРИТАНТНИТЕ луѓе се родени во овие 2 ЗНАЦИ: Нивното однесување ве излудува до срж, а разговорот со нив ќе ве исцеди како крпа

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …