Преспански треперења 2024

Денес во дворот на црквата Св.Кирил и Методиј во с.Стење, со почеток во 12:00 часот, ќе се одржи манифестацијата Преспански треперења 2024.

Програма:


Поетско читање во чест на Свети Кирил и Методиј и промоција на збирка од група автори.

Ќе се доделуваат благодарници за учество и збирка на секој учесник.


Ќе има изложба со уметнички дела и икони од учесниците.

Програмата ќе биде збогатена со музички точки од професионални музичари.


Ве очекуваме заедно да го прославиме овој голем празник во чест на сесловенските просветители и да создадеме убави спомени кои долго ќе се паметат, се вели во објавата од организаторот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашата истакната актерка Јоана Поповска

Јоана Поповска е родена во Битола на 18 јуни 1943 година. Таа е македонска театарска, …