ЕДЕН корисник на TikTok објавил видео на кое се гледа како кученцата ги штитат новородените мачиња и нивната мајка. Видеото е снимено во Украина.
Три кученца грееле мачка која штотуку се породила додека мачињата цицале. Со телото ги сокриле мачката и нејзините мачиња за никој да не ги види.
@yaroslavlytcushun
Ова видео за пет дена е прегледано 3,6 милиони пати. Многу корисници на TikTok се разнежниле од оваа сцена.
„Дури и животните се обединуваат. Така треба да биде сега“, „Колку се слатки и пријателски настроени. Дури и животните почнаа да живеат во мир, покажувајќи им на луѓето дека не вреди да се бориш“, „Мајката мачка посвоила кученца“, „Сите сирачиња се собрале“ „Убави кученца“, се само дел од коментарите.
Фото: Принтскрин/TikTok