„ПРЕПРАВАЈ СЕ ДОДЕКА НЕ УСПЕЕШ“: Говорот на телото влијае на тоа како се чувствуваме

Дали говорот на телото може да влијае на тоа како се чувствуваме?
Истражувањата покажуваат дека влијанието на тоа како се чувствуваме се манифестира со нашиот однос кон соговорникот. Кога сме несигурни или се чувствуваме како да сме „натрапник“ нашето тело ќе го покаже тоа – рамената спуштени, рацете склопени напред, како да се трудиме што помалку да се истакнеме, додека во моментите кога чувствуваме моќ и кога сме сигурни дека нашето тело ќе ја испрати истата порака: со отворени раце, поширок став и исправен грб, ќе се обидеме да ги пренесеме нашите мисли, знаења и вештини до соговорникот, покажувајќи му дека имаме моќ и дека се контролираме самите себе но и ситуацијата.

Од друга страна, научниците докажале дека не само што нашите чувства влијаат на нашиот говор на телото, туку и нашиот говор на телото може да влијае и на тоа како се чувствуваме во одредени ситуации. Спровеле студија во која ги поделиле луѓето во две групи: на едната група и била дадена задача да стојат две минути во поза што манифестира моќ и сила – раширени раце и раменици, исправен грб или со раце на колковите, додека другата група од луѓето добила задача да стои со свиткан грб, во пози кои се карактеристични за непријатни ситуации.


Примероците на хормоните тестостерон (одговорен за чувството на моќ и доминација) и кортизол (хормон на стрес) земени пред и по тестот дале катастрофални резултати: субјектите кои беа во пози кои прикажуваа моќ и доминација имале 20 проценти зголемување на нивото на тестостерон, додека во втората група е намалена за 10 проценти. Резултатите од нивото на кортизол биле и во корист на првата група: хормонот на стресот кај испитаниците паднал за цели 25 отсто, додека кај оние од втората група имало забележителен скок од 15 отсто во однос на првичните резултати.
Ваквите резултати кажуваат само едно, а тоа е дека начинот на кој се држиме го конфигурира нашиот мозок за многу кратко време и може да влијае да изгледаме посигурни, помоќни и посигурни пред другите отколку што мислиме дека сме. Во практичниот живот, овој заклучок би можел да звучи и вака: најважен е изгледот – со колкав ентузијазам, самодоверба и страст зборуваме за нешто, колку сме удобни и олеснети во ситуацијата во која се наоѓаме, како и начинот на кој ги носиме нашите мисли и идеи. А ваквата изведба ќе може да ни остави вистински впечаток.

Затоа, и две минути „преправање“ се доволни за да се чувствуваме подоминантни во некоја ситуација, само ако работиме на тоа да го убедиме мозокот во тоа.
Ова истражување отворило различни дискусии меѓу психолозите и социолозите, но фрлило ново светло и на познатата реченица „Fake it till you make it“ (Преправај се додека не успееш), која колку и да звучи лудо, сепак има своја основа во науката.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Лузна на носталгија – Балканците ја споделија фотографијата на Меланија Трамп поради еден детал: „Печат на Југославија“

Балканците на социјалните мрежи споделуваат фотографија од инаугуративниот бал, на која се гледа како Меланија …