Премиерна проекција на колекцијата кратки филмови изработени од младите таленти, учесници на работилницата „Филмска училница ФИЛМЕЈ“


За сите љубители на киното и филмот, Кинотека на Македонија, вечерва ви подготвува интересно кино доживување. Со почеток во 20:00 часот, ќе имате можност премиерно да ја погледнете колекцијата кратки филмови изработени од младите таленти, учесници на работилницата „Филмска училница ФИЛМЕЈ“.

Филмовите кои ќе ги видите:
• „Агент Блу“ на Јана Денковска
• „Последниот колач“ на Костадин Тасевски
• „Фејктопија“ на Максим Котески и Алек Дуковски


Нашите млади истражувачи на филмската уметност (деца на возраст од 11 до 14 години) под менторство на режисерот Саша Станишиќ, како и филмските автори Светислав Подлешанов и Кирил Каракаш создадоа магични кратки филмови, а сега е време да ги прикажат пред семејствата и пријателите!

По проекцијата, ќе следи и кратка дискусија за филмовите!


Проектот FILMAY е реализиран во соработка со Кинотека на С Македонијa и Goethe-Institut Skopje, како дел од меѓународниот проект FilmED, поддржан од програмата Creative Europe Culture на Европската Унија.

Не пропуштајте ја можноста да ги поддржите младите таленти и нивниот креативен израз!


Се гледаме во Кинотеката!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Еден од најочекуваните филмови оваа година, „Jay Kelly“ со Адам Сендлер и Џорџ Клуни, пристигнува на 5 декември

Еден од најочекуваните филмови оваа година, „Jay Kelly“, го обединува она што ретко го гледаме …