Премиерна изведба на театарската претстава „Глад“ вечерва во МКЦ

Вечерва, со почеток во 20:00 часот, во салата 25 Мај во Младинскиот Културен Центар во Скопје, премиерно ќе биде изведена театарската претстава „Глад“.

Авторскиот тим состоен од режисерката Хана Миленковска, драматургот Калија Киселички и композиторот Ади Имери, ја поставува драмата што се бави со ненаситноста и гладта, од емоционална и физичка гледна точка. Делото се стреми да посочи дека циклусот на гладта не е изолиран, туку дека всушност претставува една вечна борба на човекот и колективите.


Актерите Лео Поповиќ, Дениз Ајдаревиќ, Марко Младеновиќ, Филип Миленкоски и Димитар Паскоски ќе го доближат микрокосмосот од сложени човечки емоции и односи, во мноштво од контексти.

Билетите се достапни единствено онлајн преку продажната мрежа на: https://mktickets.mk/event/glad/


Благодарност до нашите соработници, илустраторката Матеја Николиќ, дизајнерот на светло Игор Митревски, кореографот Бобан Русески за својот труд, и до пријателите од Младинскиот културен центар, Лабораториум и ФДУ Скопје за отстапениот работен простор и придонес кон процесот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без актерот и режисерот на познатите телевизиски серии „Волшебното самарче“ и „Белото Циганче“ – Ацо Алексов

Ацо Алексов е роден на 3 ноември 1932 во Струмица. Тој е македонски актер и …