На 17 ноември 2025 година, со почеток во 20:00 часот, на малата сцена на НУЦК „Григор Прличев” – Охрид, ќе се одржи премиерната изведба на претставата „Хелверовата ноќ”, во продукција на ЗУКЦ МЕДИА АРТЕС Охрид.
Претставата е во режија на Александар Јовановски, а во неа играат Даријан Петров и Јасмина Билаловиќ.
Базирана на истоимената драма на најпознатиот современ полски драматург, режисер и професор Ингмар Вилквист (алијас Јарослав Свијершч), напишана во 1999 година, претставата на суптилен и потресен начин ја прикажува чудната врска помеѓу мајка и посинок – млад човек со посебни потреби. Преку слоевитиот однос мајка-дете, старател-штитеник, брат-сестра, маж-жена, џелат-жртва, авторот гради интимна приказна за две различни суштества кои се обидуваат да најдат смисла и сигурност во свет кој секоја „различност” ја дочекува со насилство и осуда.
Во атмосферата на тоталитарниот, фашистички занес од 1930-тите, „Хелверовата ноќ” ја разоткрива трагичната судбина на оние кои не припаѓаат на мнозинството – оние за кои едноставно нема место во таков свет.
Билетите за премиерата, по цена од 400 МКД, можат да се купат на билетарата на НУЦК „Григор Прличев” – Охрид, секој работен ден од 10:00 до 17:00 часот и на денот на изведбата од 10:00 до 20:00 часот.
Авторска и продукциска екипа:
Режија: Александар Јовановски
Според оригиналниот текст: Ингмар Вилквист
Превод: Јасмина Билаловиќ
Драматуршка адаптација: Александар Јовановски
Играат: Даријан Петров, Јасмина Билаловиќ
Автор и избор на музика: Лука Тошев
Сценограф: Симона Димковска
Костими: Павел Маслов
Дизајн на светло: Александар Јовановски
Тон-мајстор: Митко Серафимовски
Светло-мајстор: Илија Левески
Сценски работници: Ѓоко Китоски, Кире Ангелоски
Шминка и фризура: Павел Маслов
Дизајн на плакат: Филомена Дода
Проектот е дел од Годишната програма на ЗУКЦ Медиа Артес, финансирана од Општина Охрид.
Логистичка поддршка:
КСП Центар – Јадро
НУЦК Григор Прличев
ekran платформа за слободоумни