Премиера на претставата „Поткровје“

На малата сцена во Македонскиот народен театар на 9 декември, со почеток во 20:00 часот, премиерно ќе биде одиграна претставата „Поткровје” според „Цената” на Артур Милер, а во режија на Александар Ивановски. Според режисерот Ивановски „Се е прашање на гледна точка, и ако не можете да ја разберете гледната точка тогаш невозможно е да ја разберете цената.” Поткровје е претстава која ја истражува цената на одлуките, одговорноста која ја имаме кон себе и кон семејството, и вината со која живееме поради изборите што сме ги направиле. Во претставата играат: Томислав Давидовски, Елена Кузманов, Горан Ников и Хари Михајловски.

Како креативни соработници се потпишуваат сценографот Ненад Тонкин и дизајнерот на плакатот Тео К. Атанасовски. Преводот го направи Марио Стојаноски.


Следната изведба ќе биде закажана во текот на месец јануари 2024 г. Билетите ќе бидат достапни онлајн преку веб-страницата www.mnt.mk како и на билетарницата во МНТ.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 24.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Работата оди во насока која вам ви одговара, само треба да бидете трпеливи …