Премиера на музичкиот проект „ПРЕМИН 25“на Горан Трајковски со НУ Камерен оркестар на Битола


Вечерва, со почеток во 20:00 часот, во Центарот за култура во Битола, ќе имате можност премиерно да го проследите музичкиот проект ПРЕМИН 25 на Горан Трајковски со НУ Камерен оркестар на Битола.

Ова е музички проект што не се слуша – туку се доживува. Ова е настан кој нема да биде само концерт, туку сценски чин што зборува со тишина со музика, со гласови, со движење.


Горан Трајкоски не е само музичар – тој е звукот на македонскиот немир, автентична креативна фигура што негува длабока експресија низ жанрови кои не се ставаат во ниту еден калап. Од култните Мизар и Анастасија до експерименталните проекти што остануваат вонвременски, неговата музика секогаш се движи на работ – меѓу традиција и револуција, меѓу мит и контемпорарија.

Овој април, токму во велигденската недела, Трајкоски го носи ПРЕМИН 25 – нов музички проект со Камерниот оркестар – Битола под водство на маестро Владимир Димовски, и гласовите на Тања Царовска, Ана Митоска и Петар Христов. Во организација на КИЦ Битола.


ПРЕМИН 25 не е само алузија на празничен момент. Тоа е лична и колективна метафора – за минување, трансформација, созревање.

Во режија на Дејан Пројковски, сцената станува простор каде музиката добива форма, светлина и здив. Пројковски, еден од највпечатливите театарски режисери кај нас, не го режира звукот – туку го претвора во гест. Во присуство. Во сцена што не се заборава.


Влез слободен.

Проект во организација на КИЦ, поддржан од НУ Центар за култура, Народен театар – Битола и Општина Битола.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Македонско – грчки поетски координати

Во рамките на манифестацијата „Денови на поезијата“, во Скопје Сити Мол, денес, со почеток во …