Премиера на мјузиклот „Мама миа“ на 24. декември во МНТ


Преку хитовите на АББА се раскажува смешната приказна за тинејџерка која е во потрага по нејзиниот вистински татко на еден грчки островски рај.
Фактот што над 54. милиони луѓе ширум светот се вљубени во ликовите, приказната и музика ја чини MAMMA MIA! претстава за врвно уживање! Мајка. Ќерка. Тројца потенцијални татковци. И патување низ просторот кое нема никогаш да го заборавите!
Авторката, Кетрин Џонсон, го развива дејството на оваа весела и интересна приказна на прекрасниот грчки остров. Во пресрет на свадбата, желбата на ќерката да го открие идентитетот на татко и’ враќа назад на островот тројца мажи од минатото на мајка и’ коишто за последен пат го посетиле пред 20 години.
Раскажувачката магија на безвременските песни на АББА претставува двигател на волшебната приказна за љубовта, смеата и пријателството, креирајќи незаборавна претстава. Големата актерска екипа, веселата атмосфера и експлозивните танчерски нумери заедно ја прават МAMMA MIA! загарантирана хит-претстава за секој театар.
Мјузиклот „Мама Миа“ премиерно ќе биде изведен во Македонскиот народен театар на 24 декември со почеток во 20 часот.
Mузиката и текстот се на Бени Андерсон, Бјорн Улвеус и Кетрин Џонсон, по приказната на Џуди Крејмер.
Претставата е во режија на Наташа Поплавска.
Билетите се пуштени во продажба на билетарницата во МНТ. Цената на билетот за изведбите на 24, 26, 27 и 29 декември се 1.000 денари, а за изведбите на 12 и 13 јануари, цената на билетот е 600 денари. Овие цени важат до 8 ноември, потоа цената на билетот ќе биде повисока, соопштуваат од МНТ.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмскиот Театар ќе биде изведена претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе биде изведена театарската …